Кои сме ние ?

 

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје претставува компанија која нуди консалтинг услуги од областа на финансии, сметководство и деловно право и ревизорски услуги.

Вработените во компанијата и нашите надворешни стручни соработници се експерти во својата област и благодарение на нивната стручност и ефикасна работа, компанијата брои голем број на задоволни клиенти.

Нашата мисија е ажурно следење на законските измени и навремено и ажурно информирање на нашите клиенти околу настанатите измени и нивното влијание врз нивната секојдневна работа.

Ние нудиме професионален пристап, ефикасност, ефективност, ажурност и водиме комплетна грижа за правилна и законска работа на нашите клиенти.

Некои Факти

Честите промени на Законската регулатива, обврските кои компаниите треба да ги извршуваат спрема државната администрација, грижата за вработените, водење на задолжителни сметководствени евиденции и финансиски евиденции и анализи го преокупираат работниот ден на денешниот претприемач.

 

Работата на претприемачот е развој на компанијата и зголемување на профит. Доверете ги сите административни работи, правни, сметководствени и финансиски услуги на професионалци. Единствена ваша грижа нека биде само правењето профит и растот и развојот на компанијата.

Нашиот тим

Нашиот тим на професионални Финансиски консултанти, правни експерти и овластени сметководители ќе ви го пренесе своето богато искуство и знаење и ќе ве советува да го одберете најдобриот тип на компанија и најдобар модел на даночен обврзник, за да можете да остварите поголем профит и да плаќатe помалку даноци, доколку извршете вистински избор на бизнис модел и модел на даночен обврзник според вашиот бизнис план.

Зад нашиот тим стојат голем број на основани компании кои, благодарение на нашите совети, успешно работат и се справуваат со секојдневните предизвици. Добијте совет од нашите експерти за обврските на новоформираната компанија спрема државата, даноците и даночните бенефиции, правно опкружување, човечки ресурси (ангажирање вработени, заштита на правата на компаниите во договори за вработените) и други совети, во зависност од видот на вашата компанија и вашата бизнис идеја.

Основајте компанија со нас.

Толку едноставен начин на основање на вашата компанија во 2 чекори:

  • пополнете ја е-формата во прилог за само 5 минути

  • дојдете во нашите канцеларии да ги потпишете документите за основање на компанијата, кои во меѓувреме се подготвени врз основа на пополнетите податоци во е-формата.

 

Сепак сакате да основате компанија на традиционален начин.

Јавете се во нашите канцеларии:

02 5126 533, 078 332 350, 078 289 005