8 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО МАКЕДОНИИЈА

 

Според владиниот сајт за промовирање на Македонија како дестинација за инвестирање, ви претставуваме неколку причини зошто идните претприемачи би инвестирале во Македонија:

  • Предност од стратешката географска позиција, наоѓајќи се на крстосницата на 2 главни европски транспортни коридори;

 

  • Високо либерализирана политика за надворешна трговија и има потпишано разни билатерални договори кои им овозможуваат на локалните производители слободен пристап до Европската унија и другите пазари, со што Северна Македонија ја прави конкурентна за раст на производството и извозот;

 

  • Стабилно монетарно опкружување со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута;

 

  • Поволен даночен пакет со една од најниските стапки на данок на добивка во светот; покрај тоа, Северна Македонија има неколку слободни технолошко – индустриски развојни зони кои нудат: 10 години даночно ослободување на данок на добивка,  персонален данок на доход, ДДВ, царинските давачки и други;

 

Основај нова фирма во Македонија со помош на професионалци

  • Високо квалификувана работна сила и е една од најконкурентните земји во ЈИЕ во однос на трошоци за работна сила во Европа;

 

  • Отвореност на Владата за инвеститори;

 

  • Членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ;

 

  • Брза регистрација на компании – едношалтерски систем за регистрација на компанија во рок од 4 часа.