Даночен систем во Македонија

Даночниот систем во Република Македонија е составен од 3 главни даноци Данок на додадена вредност, Данок на добивка и Данок на личен доход.

 

1.Данок на додадена вредност (ДДВ)

Предмет на оданочување со данокот на додадена вредност е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и увозот на добра.

Во Република Македонија пропишани се две даночни стапки за данокот на додадена вредност стапка од 18% и повластена даночна стапка од 5% за одредени производи и услуги.

Од 2021 во Македонија е воведена нова стапка за ДДВ 10 % за ресторански услуги ( услуги за послужување на храна и безалкохолни пијалоци) како и за кетеринг услуги.

 

Прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност изнесува 2.000.000 денари.

 

2. Данок на добивка

Обврзник на данокот на добивка е правно лице резидент на Република Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство. Резидент е субјектот кој е основан или има седиште на територијата на Република Македонија

Даночната стапка на данокот од добивка е 10%

Даночни обврзници кои имаат вкупен годишен приход до 3.000.000 денари не плаќаат данок на добивка.

Даночни обврзници кои оствариле вкупен приход од 3.000.000 до 6.000.000 денари а избрале да известуваат со Образец ДБВП (Даночен биланс на вкупен приход) плаќаат данок на вкупен приход во висина од 1% од вкупниот приход.

Даночни обврзници кои оствариле вкупен приход од 3.000.000 до 6.000.000 денари а избрале да известуваат со Образец ДБ (Даночен Биланс) и даночни обврзници кои оствариле приход поголем од 6.000.000 денари се обврзници на данок на добивка и плаќаат данок на добивка по стапка од 10% од остварената добивка како и 10% од износот на непризнаените расходи за даночни цели.

 

3.Данок на личен доход

Под личен доход се подразбираат следните видови доход остварени во земјата и во странство: доход од работа; доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права; доход од продажба на сопствени земјоделски производи; доход од права од индустриска сопственост; доход од закуп и подзакуп; доход од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа; доход од осигурување и друг доход.

Стапките за данок на доход во моментот во Македонија изнесува се 10% и 15%.

  1. За доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од капитал остварен по основ на камати на орочени депозити, данокот на доход се плаќа по стапка од 10%.
  2.  За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход, доходот од добивките од игри на среќа,  данокот се плаќа по единствена стапка од 15%.
  3. Доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, данокот се плаќа по стапка од 15% доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка 10% доколку ги поседувал за период од една до 10 години.