
За регистрација на компанија во Македонија се потребни следните податоци:
1.Име (назив) на компанија
За регистрација на компанија потребно е да се наведе долг назив (Друштво за трговија и услуги НОВА ФИРМА ДООЕЛ Скопје) и краток назив (НОВА ФИРМА ДООЕЛ Скопје). Во долгиот назив на новата компанија задолжително треба да се наведе зборот Друштво, потоа дејноста која ја врши друштвото (производство, трговија, услуги …) краткиот назив со ГОЛЕМИ БУКВИ, ознака за видот на друштвото (ДОО, ДООЕЛ, АД …) како и местото на седиште на друштвото (Скопје, Битола, Сопиште, Новаци…)
2. Седиште (адреса) на компанија
Седиштето на компанијата е адресата на која друштвото ќе работи, ќе го отвора својот продажен објект, ќе ги има своите канцеларии… Седиштето на друштвото се состои од Улица, број, Општина и Град/ Село. (Бул. Партизански одреди бр. 50, Скопје, Општина Карпош).
3. Предмет на работа/ Претежна дејност
Дејноста која планирате да ја работите или доколку планирате да вршите повеќе дејности, треба да ја изберете дејноста од која очекувате да остварите најголем приход. Дејностите се внесуваат според НКД (Национална класификација на дејности). Освен главната дејност, се избира и ОПШТА КЛАУЗУЛА ЗА БИЗНИС, според која може да ги вршите сите дејности утврдени со национална класификација на дејности, освен оние за кои ви е потребна посебна дозвола од некој државен орган.
4. Основач/ Основачи на компанијата
Лицата кои ќе бидат сопственици на компанијата. За ДООЕЛ потребно е само скен/слика од документ за идентификација (лична карта, пасош) на основачот. За ДОО потребно е дополнително да се наведе кој основач колкав процент од основачкиот капитал ќе поседува.
5. Износ на основна главнина на компанијата (минимум 5.000 евра)
Основната главнина на друштвото претставува основачки капитал кој основачот/ ите го вложуваат во компанијата при нејзиното основање. За ДОО и ДООЕЛ минимална основна главнина е 5.000 евра. За ТП не се внесува основна главнина. Основната главнина може да се внесе во пари (уплата на 5.000 евра од сметка на основач на сметка на новата компанија) или во средства (внесување на средства сопственост на основачот во новата компанија, вредноста на средствата се проценува од овластен проценител).
6. Управител/и на компанијата
Управител на компанијата е лицето кое ќе раководи со компанијата, ќе ја претставува и застапува компанијата во односите со трети лица. Управител може да биде едно лице или повеќе лица. Управителите можат да имаат неограничени овластувања како и ограничени овластувања ( пример: без согласност на основачите не можат да склучуваат правни работи во износ поголема од 30.000 денари….). За управителот/ите е потребен скен/слика од документ за идентификација (лична карта, пасош).
7. Банка во која сакате компанијата да ја отвори првта сметка
Во постапката за регистраација на компанијата се резервира сметка во избраната банка која понатаму треба да се активира со потпишување на неколку документи лично во банката.
8. Е-маил на компанијата
Е-маил адреса на компанијата која ќе се користи во сите електронски системи на државните институции (Управа за јавни приходи, Централен регистар, Агенција за вработување и други)
9. Регистрација за ДДВ обврзник
Доколку сакате Вашата компанија да ја регистрираме за ДДВ обврзник во Управата за јавни приходи, регистрацијата се врши најдоцна во рок од 15 дена од денот на првата активност на компанијата. Доколку не сте сигурни дали е потребно да се регистрирате за ДДВ со самото основање, дојдете во нашите канцеларии, или јавете се и ние ќе ве советуваме врз основа на планираниот обем на работа и вашата дејност која планирате да ја работите.
10. Регистрација на директна инвестиција за основачи нерезиденти
Кога основачите на новата компанија се нерезиденти/ со живеалиште во странство потребно е да се изврши упис на директна инвестиција на нивното вложување во Регистарот на директни инвестиции во Централниот регистар во рок од 60 дена од вложувањето.
11. Пријава во државни институции за отпочнување со вршење на дејност
Во зависност од регистрираната дејност на новооснованата компанија по регистрацијата на истата, треба да се изврши пријава до надлежни институции за отпочнување со вршење на дејност, исполнување на минимално технички услови…). Ние ќе ве советуваме и ќе ве насочиме за вашите обврски спрема државните институции во зависност од вашата дејност.
Форма за регистрација на нова компанија